Словенечко Македонски Бизнис Клуб | Станете член

Станете член

Како да станете член на Словенечко-Македонскиот Бизнис клуб?

Извадоци од Основачкиот договор на Словенечко-Македонски Бизнис Клуб:

а) Услови за членство и обврски на членовите

Член 19

Следните лица можат да бидат членови на СМ Бизнис Клуб:
Македонски граѓанин или словенечки граѓанин , македонска или словенечка фирма, како и друго физичко или правно лице кое ќе пројави интерес за членување во СМБК, а ги исполнува условите за членство во СМБК согласно критериумите утврдени со овој Договор.

Членови на СМ Бизнис Клуб може да бидат лица односно фирми кои имаат добра лична и деловна репутација во општеството и државата, во која имаат седиште прифатлива за СМ Бизнис Клубот.

Доколку физичко лице е членка на СМ Бизнис Клуб, а фирмата во која лицето е вработено не е член, физичкото лице не може да нуди услуги на фирмата, ниту да настапува во име и за сметка на фирмата.

Кандидатите ги испраќаат своите пријави до Управниот Одбор кој ги прифаќа или одбива.

Кога одлучува за нови членови, Управниот Одбор го применува дискрециониот принцип, односно нема обврска да даде образложение на негативната одлука.

Управниот одбор може, врз основа на претходна согласност на потенцијалниот кандидат, да предложи одредено лице или фирма за член на СМ Бизнис Клуб.

Кога новите членови се примени од Управниот Одбор, им се испраќа фактура за годишна членарина со рок за плаќање 30 (триесет) дена од приемот на фактурата.

На членот му престанува членството во СМ Бизнис Клуб:
- по негово барање;
- поради неплаќање членарина;
- поради недолично однесување, односно ако продолжување на членството се смета за штетно за СМ Бизнис Клуб;
- доколку ја изгуби деловната способност, падне под стечај или му е забрането да управува со работењето на трговското друштво.

Во СМ Бизнис Клуб можат да членуваат и непрофитни организации под услови утврдени со Одлука на Собранието.

Собранието ќе го употреби своето дискреционо право да ја определи квалификацијата за статус на непрофитна организација согласно претходниот став на овој член, при што ќе се има во предвид регистрацијата на организацијата како непрофитна организација во Македонија или во странство.

б) Почесни членови на СМ Бизнис Клуб

Член 20

СМ Бизнис Клуб може да има почесни членови. 

Почесните членови ги именува Управниот Одбор, во знак на признание, на лица кои со својата работа дале значителен придонес во развојот и унапредувањето на меѓусебната соработка помеѓу стопанските субјекти во Република Македонија и Република Словенија и регионот пошироко. 

Почесните членови имаат право да го користат изразот: Почесен член.

Почесните членови на СМ Бизнис Клуб не гласаат во Собранието и не плаќаат членарина.

Почесните членови на СМ Бизнис Клуб се покануваат на седниците на Собранието.

Членарина

Извор на финансирање на СМ Бизнис Клуб е членарина , донација и спонзорство.

Висината на членарината ја утврдува Собранието со Одлука, со мнозинство од присутните членови на собранието.*

Средствата, обезбедени за работа на СМ Бизнис Клуб, се користат согласно усвоената годишна Програма за работа и годишниот Финансиски план на Клубот.

Доколку во СМ Бизнис Клуб се зачленува фирма, капиталски поврзана со веќе постоечка фирма, членка на СМ Бизнис Клуб, фирмата-ќерка плаќа 50% од утврдената членарина.


*(Редовната годишна членарина од 2012 година се определува според бројот на вработени:
- физички лица: 1 200 денари,
- фирма-лице: 3 000 денари,
- микро препријатија (1-9 вработени): 10 000 денари,
- мали претпријатија (10-99 вработени): 12 000 денари,
- средни претпријатија (100-500 вработени): 18 000 денари и
- големи претпријатија: (над 500 вработени): 27 000 денари).

Пристапница

Симнете ја пристапницата овде.