Завршна прослава по повод успешно реализираниот проект „Бизнис денови низ Македонија 2010“

Завршна прослава по повод успешно реализираниот проект „Бизнис денови низ Македонија 2010“

Словенечко-македонски бизнис клуб

6 години постоење и успешна работа и 3 години цврсто партнерство


Во понеделникот, на 13-ти декември, Словенечко-македонскиот бизнис клуб го одбележа својот шестти роденден и тригодишното партнерството со ЈАПТИ-словенечката Јавна агенција за странски инвестиции и претрпиемништво и словенечкото Министерство за стопанство.

На прославата која беше и завршница по повод успешпната реализација на нивниот проект за промоција на словенечкото и македонското стопанство- ,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, за почесен гостин го имаа Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Пред присутните членови на клубот, Амбасадорот на Република Словенија г-от Бергант, претставниците од македонските Министерства , директорите на владините Агенции, стопанските комори на Македонија, претсавниците на бизнис заедницата, словенечкиот клуб од Косово, како и соработниците и пријателите на Клубот, Претседателот Иванов во своето обраќање рече:

-,,На прагот на 20-годишнината од независноста на Република Словенија, како и на Република Македонија, со големо задоволство можам да констатирам дека зад нас се две децении исполнети со исклучително позитивна соработка. Одличната политичка соработката меѓу нашите две пријателски земји беше збогатена со плодна економска соработка во речиси сите полиња. Словенечките компании во Македонија се присутни во разни сектори и го препознаваат и користат поволниот макроекономски амбиент кој што ние посветено го градиме. Во рамките на економската соработка со Словенија, Македонија има голема полза од можноста да соработува со врвни европски и светски компании,,.

Претседателот посочи дека стопанствениците од Македонија и од Словенија континуирано ги користат придобивките од традиционално добрите политички и економски односи меѓу двете земји. Словенечките инвеститори се тие кои меѓу првите ги препознаа потенцијалите на еден пазар кој е во развој и на кого свежите идеи како да се биде поуспешен секако се добредојдени.

Нагласувајќи дека словенечката бизнис заедница е секогаш добредојдена во Македонија, Претседателот Иванов додаде:

-,, Сакам да ве охрабрам да инвестирате, да соработувате и да развивате заеднички бизнис партнерства. Она што јас можам да го ветам е дека како држава ќе правиме се што е во наша моќ да ја олесниме вашата соработка,,.

Претседателот на Управниот одбор на Словенечко-македонскиот бизнис клуб Дамир Кудер истакна дека бизнис клубот е јадро за економска соработка меѓу Словенија и Македонија и еден од двата најактивни и најдобри од ваквите бизнис клубови кои постојат во 26 држави низ светот.Тој посочи дека 2010 година биле успешна за бизнис клубот ,организирале многу квалитетни настани на целата територија на Македонија, а членството се повеќе се зголемува.Дека навистина се успешни и стануваат препознатлив бизнис бренд во двете држави, покажува и тоа дека компании директно од Словенија се зачленуваат во клубот, кои се уште немаат свое претставништво во Македонија, но сакаат да работат и соработуваат со македонските стопанственици.

Бизни клубот вечерта имаше и вонредна седница на Собранието, за усвојување на програма за работа и финансов план за 2011 година, се со цел за следната година да ја продолжат соработката со ЈАПТИ и Министерството за стопанство на Р Словенија уште од самиот нејзин почеток.Г-от Кудер во своето обраќање најави дека ќе продолжат со тоа темпо на работа со нови промоциите низ повеќе градови низ земјата, со организирање на билатерални бизнис форуми како и нетворкинг средби помеѓу компании од двете држави.

По повод поддршката и унапредување на економската соработка со Р Словенија, на Претседателот на државата, г-от Иванов, Клубот му врачи Благодарница, а на 40 учесници, поддржувачи и соработници на нивниот проект ,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, им беа врачени Признанија.

Пред присутните премиерно беше прикажан и промотивен видео-клип за целокупната досегашна работа на клубот.

Прославата продолжи на свечен коктел каде на присутните им се придружија и членовите на словенечкото здружение ,,Франце Прешерн,, од Скопје, а по повод 20 години од денот кога жителите на Словенија се изјаснија за самостојност.Свое обраќање имаше словенечкиот Амбасадор Бергант, а присутните ги поздрави и Претедателот Иванов.И двајцата говорници своите говори ги завршија со честитки за предстојните божиќни празници и Новата година.

Настанот беше организиран во соработка со Амбасадата на Р Словенија во Р Македонија, а поддржан од партнерите на Клубот, ЈАПТИ и Министерството за стопанство на Р Словенија.

Фотографии од настанот: