,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, Скопје, ГТЦ 17.11.2010

,,Бизнис денови низ Македонија 2010,, Скопје, ГТЦ 17.11.2010

Во име на продлабочување на веќе добрата соработка со Р Словенија, како и со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, Словенечко-македонскиот бизнис клуб од Скопје, веќе втора година реализира проект ,,Бизнис денови низ Македонија,,.

После Битола и Струмица кон крајот на минатата година, во 2010 тие се претставија во уште четири општини низ државата.Фебруар беа во Маврово, јуни во Гевгелија, септември во Гостивар и како завршен настан, на 17 ноември, одржаа свој Бизнис ден во Скопје,.

Ова roadshow е можност компаниите-членки на Клубот, да се промовираат на еден понаков начин пред самите граѓани, во директна комуникација со нив, а и самите граѓани имаат можност на едно место да се запознаат со производите и услугите на компании од повеќе различни дејности.

Бизнис деновите се всушност еднодневни мини саеми, кои се одржуваат на ударни локации во градовите, како што се плоштади и трговски центри.Така во Скопје, штандовите беа поставени во Градскиот трговски центар, каде се претставија 26 компании-членови од Бизнис клубот и тоа : Фруктал Мак, ААМ, Горење, Подгорка Струга, Пристоп МК, Даталаб МК, Меркур Македонија, Лисца, СофтНЕТ, Илирика фонд менаџмент, Винар винарија, КБ Прво пензиско друштво, Сава табак осигурување, Интереуропа, Кореа Ауто Трејд, Вардар осигурување-Групација Триглав, ОНЕ Телеком Словенија, Биг Мак, НЛБ Нов пензиски фонд, Алекспром, ТТК Банка, Весна САП Пробиштип, Лашко комерц Вевчани, Крка Фарма , Искра АТГ и Тримо Македонија.

Присутните ги поздравија и Амбасадорот на Р Словенија во Р Македонија, НЕ Алан Брајан Бергант, како и Претседателот на Клубот, г.Дамир Кудер.

Извршниот директор, Искра Јовановиќ, изрази задоволство за големиот одзив на учесниците на промоцијата како и тоа дека тие како прв ваков Клуб во земјата што на овој начин се претставуваат пред бизнис заедницата, веќе се препознатливи во нивната работа и добиваат понуди и од други општини низ земјата за да одржат и таму свој Бизнис ден, што секако е нов предизвик за следната , 2011 година.

Настанот беше организиран во соработка со Градскиот трговски центар АД Скопје и Амбасадата на Р Словенија во Р Македонија, а поддржан од двата словенечки партнера на Клубот:ЈАПТИ-Јавната агенција на Р Словенија за претприемништво и странски инвестиции и Министерството за стопанство на Р Словенија.