Саем ,,АГРОФУД 2010,,

Саем ,,АГРОФУД 2010,,

Словенечко-македонскиот Бизнис клуб учествуваше на уште еден голем саем, Агрофуд 2010 , како дел од проектот за промоција на словенечкото стопанство. На лoкацијата на т.н ,,Словенечка куќа, Бизнис-клубот , заедно со неколку словенечки компании, се претстави пред посетителите. Бизнис-клубот ги застапуваше и своите партнери од Словенија, како и Јавната агенција за странски инвестиции и претприемништво -ЈАПТИ, кои на македонските бизнисмени им нудат поволности при инвестирањето во Словенија.

,,Ваквиот начин на директна комуникација со потенцијални соработници е навистина ефикасен.Се пријавија доста заинтересирани поединци и компании, кои сакаат да воспостават контакти со словенечки претприемачи, а добивме и најава од една македонска компанија за можно партнерство и инвестиција за отварање фабрика за прехранбени продукти во Словенија,, - ни посочи извршниот директор на Клубот, Искра Јовановиќ

Штандот на Клубот беше посетен и од министерот за земјоделство на Република Словенија , Дејан Жидан и од неговиот колега од Македонија, министерот Љупчо Димовски.Во разговорот, беше констатирано дека добрата соработка помеѓу двете држави во земјоделско-прехранбениот сектор , може да биде уште поголема и дека активностите на Клубот се насочени токму во таа насока.

Учеството на Бизнис клубот на овој саем беше поддржано од ЈАПТИ и од Министерството за стопанство на Република Словенија.

agrofood-2010