Одржан Словенечко-македонски бизнис форум и билатерални средби, 22.10.2010

Одржан Словенечко-македонски бизнис форум и билатерални средби, 22.10.2010

Словенечко-македонскиот бизнис клуб и оваа година, од 19 до 23 октомври, се претстави на саемот ТЕХНОМА, каде настапи на заедничкиот штанд на словенечки компании организирани од страна на словенечката Јавна агенција за странски инвестиции и претприемништво-ЈАПТИ и словенечката Занаетчиска комора.На овој саем годинава учество имаа преку 20 словенечки компании кои дојдоа да се претстават со своите производи и услуги пред македонските граѓани, како и да понудат соработка и партнерство на нашите стопанственици.

На 22 октомври Клубот одржа и бизнис форум, каде покрај нив, пред гостите своја промоција имаа и македонската Агенција за странски инвестиции и словенечката Агенција за странски инвестиции-ЈАПТИ. Присутните имаа можност да добијат информации кои се условите за странските инвеститори, информации за работа и за условите на живеење во двете држави како и да направат една споредба на искуствата во однос на истите.

Словенечките стопанственици ги интересираа пред се разликите во работењето меѓу Словенија и Македонија, каде се потенцијалните прилики и како е најдобро да се настапи на македонскиот пазар. Исто така, ги интересираа и специфичностите на работењето во Македонија и кои се најчестите грешки кои ги прават словенечките претпријатија во Македонија.

Во рамки на форумот се одржаа и билатерални средби помеѓу македонски претприемачи и словенечките компании-учесници на саемот, со цел да се запознаат со можностите за започнување на сопствен бизнис во Македонија или пак да се здобијат со потенцијални партнери, на кои средби компаниите од двете држави покажаа голем интерес за соработка. Во рамки на форумот се одржаа и билатерални средби помеѓу македонски претприемачи и словенечките компании-учесници на саемот, со цел да се запознаат со можностите за започнување на сопствен бизнис во Македонија или пак да се здобијат со потенцијални партнери, на кои средби компаниите од двете држави покажаа голем интерес за соработка.

Присутните се запознаа и со новоименуваниот Амбасадор на Р Македонија во Р Словенија, г. Игор Попов, новиот економски промотор на Р Македонија во Р Словенија, г-ца Катерина Димовска и г. Петре Митев од МНР, шеф на Одделението за економска билатерална соработка со кои продускутираа за идните планови и проекти на нашата држава.

Извршниот директор на Клубот, Искра Јовановиќ, напомена дека големото присуство на словенечки компании на овој пазар и нивниот се поголем интерес за инвестирање, влеваат надеж дека добрата билатерална соработка помегу двете држави ќе продолжи и во иднина.Таа на крајот од форумот го најави и последниот бизнис ден за оваа година во месец ноември, со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство преку претставување на производите и услугите на компаниите-членови на клубот на на еднодневен мини-саем кој ќе се одржи во Градскиот трговски центар во Скопје.

Настанот беше одржан во соработка со словенечката Занаетчиска комора, а поддржан од партнерите на бизнис клубот, ЈАПТИ и Министерството за стопанство на Р Словенија.

Фотографии од настанот: