Одржан Бизнис ден во Гостивар - 23.09.2010

Одржан Бизнис ден во Гостивар - 23.09.2010

Во име на продлабочување на веќе добрата соработка со Р Словенија, како и со цел за промоција на словенечкото и македонското стопанство, Словенечко-македонскиот бизнис клуб од Скопје, го продолжи своето roadshow низ државата и по петти, јубилеен пат, посетија уште една општина.

 

Овој пат, тие застанаа во Гостивар и одржаа свој Бизнис ден на кој се претставија пред граѓаните и стопанствениците од таа општина и регионот, со своите производи, услуги и тендеции за проширување на своите бизниси и партнерства.

Во центарот на градот на 23 септември, Бизнис клубот имаше саемски ден, каде своја промоција имаа компаниите-членови како и неколку компании од самата општина.Граѓаните имаа можност поблиску да се запознаат со директните производители и застапници на познати брендови, како Фруктал Мак, Алекспром (со Палома и Типитоп), Горење ,Подгорка Струга (со Перутнина Птуј, Цељске местнине и Млекарна Цеље), Тримо Македонија, Скопски саем-Ера Групација, Весна САП Пробиштип, Боград Струга, Илирика фонд менаџмент, Метеорит Битола, СофтНЕТ, Оне Телеком Словенија, КБ Прво пензиско друштво, Даталаб МК, Крака Фарма, Сава Табак осигурување и БигМак, како и со компаниите-гости : Гудалат, Графикс, Златна Книга, Млекара Фејзи, Дими Компани, Етудиант, Млекара Битола, Песпа Зули, Стопанска Банка, МцРобин, Био декор, Елит Корпорација и Еуро Мирипласт.

Изложувачите беа посетени од Градоначалникот на општината г-от Руфи Османи,новоименуванито Амбасадор на Р Македонија во Р Словенија, г-от Игор Попов, Унгарскиот Амбасадор, НЕ г-от Ференц Кекеш како и од г-от Благоја Крстановски од Министерството за надворешни работи.

Во вечерните часови, промоцијата продолжи во ресторанот Игнација, пред околу 100 присутни гости-стопанственици, каде се претставија и Клубот и Општината.

Во поздравниот говор, Извршниoт директор на Клубот, г-ѓа Искра Јовановиќ посочи дека Клубот веќе 6 година е дел од Бизнис заедницата во Македонија и дека ваквиот начин на претставување има голем одзив,а највисоки оценки за нивните активности доаѓаат и од самата Словенија.Со ова клубот ја проширува својата мрежа и центри на делување и го зајакнува билатералниот момент на соработка.Во однос на Гостивар,таа рече дека голем потенцијал се гледа во производните капацитети што постојат во овој регион ,како и тоа дека голем дел од стопанствениците веќе имаат искуство и соработка со комапнии од Словенија.

Присутните ги поздравија и економскиот советник при Амбасадата на Р Словенија, г-от Јернеј Товшак, како и секретарот на општината, г-от Наџи Џељиди кој рече дека за многу производи во Македонија кога ќе се споменат, првата асоцијација е секако Словенија. Тој се заблагодари за можноста да се представат како оштина и дека оваа иницијативата на Бизнис клубот, ќе придонесе за натамошно продлабочување на македонско-словенечката соработка на економски план.

Присутните имаа можност да видат и да се запознаат поблиску со пштината, нивните проекти и стратегии и преку видео презентација, како и со новоименуваниот раководител на Конзуларното одделение при словенечката Амбасада,г-от Марјан Ристиќ.

Промоцијата пак на Бизнис клубот, неговите цели , активности и полиња на делување ја направи Извршниот директор.Таа изрази задоволство за големиот интерес како на граѓаните кои ги посетија штандовите,така и на гостите кои беа присутни вечерта.Тие како Бизнис Клуб, во земјата први на овој начин се претставуваат и на јавноста и пред бизнис заедницата,веќе се препознатливи во начинот на нивната работа и секако дека ќе го продолжат овој проект и во година што следи,во други градови низ државата.

Клубот брои веќе 119 члена. После овој настан во Гостивар, очекуваат бројот на членови да се зголеми, а за месец октомври најавија Бизнис ден кој ќе се одржи во Скопје

Настанот беше организиран во соработка со оштина Гостивар и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, а поддржан од двата словенечки партнера на Клубот:ЈАПТИ-Јавната агенција на Р Словенија за претприемништво и странски инвестиции и Министерството за стопанство на Р Словенија.

Фотографии од настанот: