Прослава по повод Ден на државност на Р.Словенија - 22.06.2010

Прослава по повод Ден на државност на Р.Словенија - 22.06.2010

Амбасадата на Р.Словенија во Македонија заедно со Словенечко-Македонскиот Бизнис Клуб, во Вторникот вечерта - 22 јуни 2010 год., организираа прием по повод Денот на државноста на Р.Словенија кој веќе втора година по ред се поврзува и со Денот на Армијата на Р Словенија.

На приемот, кој се одржа во Хотел Александар Палас, гости беа вицепремиерот Адеми, Министрите за информатичко општество и образование, Заменик министрите за економија, локална самоуправа и животна средина, пратеници во Собранието, Претседатели на политички партии, Директори на Агенции при Владата на РМ, Амбасадорите на Австрија и Холандија, Генералниот конзул на Р.Словенија г-от Мојсов и претставници на останатиот дипломатски кор, Поглаварот на Православната црква и претставници на другите верски заедници, претставници на Бизнис заедницата, Стопанските комори, Бизнис асоцијациите, членовите на Словенечко-Македонскиот Бизнис Клуб, Културните институции, Армијата на РМ, Претставници на Министерството за одбрана и словенечката војска кои се во рамки на НАТО во Скопје и соработуваат со КФОР на Косово, членовите на Словенечкото здружение во Скопје - Франце Прешерн и членовите на друштвото Триглав од Битола, студентите по словенечки јазик, естрадни уметници, медиуми, соработници и пријатели на организаторите...

Светски признатиот македонски оперски пеач Борис Трајанов ја запеа словенечката химна, а македонската химна ја отпеа еден од најомилените пеачи на македонската поп-сцена, младиот Ламбе Алабаковски.

На приемот, каде гостите имаа можност да се дружат во пријатна атмосфера и да ги пробаат новото вино на винаријата Сковин, Sun City како и соковите на брендот Фруктал, свое обраќање до присутните имаа Претседателот на Словенечко-Македонскиот Бизнис Клуб - Дамир Кудер и Амбасадорот на Р.Словенија во Р.Македонија, г-от Алан Брајан Бергант.

Г-от Кудер, поздравувајќи ги гостите, напомена дека годинава клубот веќе втор пат настапува како соорганизатор на прием по повод Ден на државноста на Република Словенија. Истакна дека и покрај тоа што можеби времињата се сеуште тешки во однос на последиците од економската криза од минатата година, соработка меѓу двете држави на запира, туку напротив. Како пример гo посочи отворањето на нова фабрика на 26 јуни во Виница, на словенечката компанија РОТО, со што нивото на словенечки инвестиции во Македонија значително се зголемува.

Словенечкот Амбасадор, Брајан Бергат, во својот говор ги наведе успесите на Словенија во изминатата година, меѓу кои се зачленувањето во меѓународната организација за економска соработка и развој во кои се најелитните држави од светот, потоа подобрувањето на односите со Хрватска и постигнувањето на Арбитражен договор за мирно решавање на спорот, како и визната либерализација во Шенгенскиот систем за неколку држави од Балканот меѓу кои е и Македонија.

Овој настан беше поддржан и од партнерите на Словенечко-Македонскиот Бизнис Клуб, Јавната агенција за претприемништво и странски инвестиции на Р.Словенија-ЈАПТИ и Министерството за стопанство на Р.Словенија.

 Говорот на словенечкиот амбасадор, г-от Алан Брајан Бергант.