Средба на Словенечко-Македонскиот Бизник клуб со д-р Павел Гантар - 09.03.2010

Средба на Словенечко-Македонскиот Бизник клуб со д-р Павел Гантар - 09.03.2010

Членовите на Словенечко-македонскиот Бизнис клуб, претставници на амбасадата на Словенија во Македонија како и словенците коишто живеат и работат во нашата земја, на 9 март 2010, остварија средба со Претседателот на словенечкото Собрание д-р Павел Гантар.

Претседателот, Гантар за време на својата официјална посета на Македонија, имаше прилика да се сретне со своите сонародници како и со македонските бизнисмени кои соработуваат со Словенија.

Претседателот на словенечкото Собрание на оваа средба ги слушна досегашни искуства и мислења на бизнисмените, и се обиде да ги пренесе искуствата коишто Словенија ги има пред и по станувањето членка на Европската Унија.

Средбата ја отвори Искра Јовановиќ, извршен директор на СМБК, којашто ја потенцираше добрата соработка помеѓу двата народа и прифатеноста на Словенците кои се во Македонија.

Присутните со свои обраќања ги поздравија и амбасадорот на Р Словенија, НЕ Брајан Бергант, кој зборуваше за активностите на амбасадата во зацврстувањето на веќепостоечките добри односи на сите полиња помеѓу двете држави, потоа претседателот на Управниот одбор на Клубот, Дамир Кудер, кој ги претстави активностите и работата на клубот како и Дејан Кошутиќ, извршен директор на Ера Сити, Скопски саем – Групација ЕРА, кој го презентираше проектот на ЕРА СИТИ ("градче во град"), чија изградба е во тек и останатите планови и активности на оваа голема словенечка инвестиција во Македонија.

На средбата која се одржа на Скопскиот саем, Групација ЕРА, присуствуваа и членовите од словенечкото здружение "Франце Прешерн" од Скопје, како и студентите од Филолошкиот факултет кои го изучуваат словенечкиот јазик.

После средбата, Г-от Гантар и членовите на неговата делегација, се придружија на Абасадорот и на членовите на клубот на свечена вечера.

Фотографии: