Бизнис денови низ Македонија 2010 - Maврово - 20.02.2010

Бизнис денови низ Македонија 2010 - Maврово - 20.02.2010

Словенечко-македонскиот бизнис клуб и оваа година продолжи со реализација на проектот Бизнис денови низ Македонија, кој го започна минатата есен.

После Битола и Струмица, својот првиот бизнис ден во 2010 година го одржаа на 20 февруар во Ски центарот Маврово, во соработка со Општина Маврово-Ростуша.И покрај временските неприлики и дождот кој повремено паѓаше, пред посетителите во претпладневните часови, со свои производи и услуги се претставија 10 компании-членови од клубот и тоа: Сковин винарија, Горење, СофтНЕТ, Пристоп МК, Лашко Комерц Вевчани, Илирика Фунд Менаџмент, Подгорка Струга, Винар винарија, Оне-Телеком Словенија и Весна САП Пробиштип.

Во попладневните пак часови, се одржа промоција на самиот Клуб и Општината пред околу 90 посетители, мегу кои беа и стопанствениците од Општината Маврово и Ростуша, како и од соседните општини.

После обраќањето на Претседателот на Клубот, г-от Дамир Кудер, присутните ги поздравија и Зам. министерот за економија, г-от Методиј Хаџи-Васков кој ја потенцира важноста од ваквите настани во продлабочување на билатералната соработка помеѓу двете држави,а Амбасадорот пак на Р Словенија во Р Македонија,г-от Алан Брајан Бергант пред гостите зборуваше за поддршката што ја има Македонија од Словенија, како и за продолжување на инвестициите од страна на словенечките компании.

Градоначалникот на општината, г-от Мукрем Мехмеди, ги претстави нивните туристички и енергетските потенцијали, како актуелни сектори во кои може да се инвестира, а извршниот директор на Клубот, г-ѓа Искра Јовановиќ, напомена дека клубот брои веќе преку 100 членови и дека преку ваквите промоции ја шират мрежата на делување на клубот низ целата држава што резултира со се поголем интерес од домашните стопанственици за воспоставување на контакти и партнерства со компании од Словенија.