Пет години постоење и успешна работа на СМБК - 10.12.2009

Пет години постоење и успешна работа на СМБК - 10.12.2009

По повод 5 години успешна работа и постоење, СМБК на 10 декември во хотел Stone Bridge во кругот на своите соработници и пријатели, имаше свечен прием и прослава. Присутните најпрво ги поздрави извршниот директор, г-ѓа Искра Јовановиќ, која истакна дека овој прв јубилеј е можеби најзначаен бидејќи дава поттик и понатаму да се продолжи со активна работа на Клубот. Таа се заблагодари на сите членови за соработката и посочи дека Клубот е тоа што е, успешен, токму заради самите нив.

Г-от Дамир Кудер, Претседателот на Клубот, исто им го честита јубилејот на членовите, со надеж дека и во следните години ќе се продолжи со исто па и поголемо темпо на работа.Тој ги пренесе пофалните зборови кои беа искажани од партнерите на клубот, ЈАПТИ и Министерството за стопансво на Р.Словенија, за успешно реализираниот проект ,,Бизнис денови низ Македонија 2009,, и изрази надеж дека и во 2010 година повторно ќе докажеме дека умееме и можеме да ги оствариме своите цели во насока на промоција на словенечкото и македонското стопанство.

На приемот имаше околу 150 званици, кои за спомен за јубилејот ја добија книгата ,,Јас,, од издавачката куќа Младинска книга, збогатена со амблем на Клубот.

Настанот го поддржаа двата партнера на Клубот, ЈАПТИ и Министерството за стопанство на Р.Словенија