Бизнис денови низ Македонија - завршна прослава, 11.11.2009

Бизнис денови низ Македонија - завршна прослава, 11.11.2009

По повод успешна реализација на проектот за промоција на словенечкото и македонското стопанство, "Бизнис денови низ Македонија 2009" , Словенечко-македонскиот бизнис клуб организира завршна прослава која се одржа во хотелот Stone Bridge на 11 ноември 2009г.

По тој повод, во друштво на своите пријатели, соработници и гости, Клубот им додели Признанија на директните учесниците во овој проект и тоа на:

Соработниците:

Амбасадата на Р. Словенија во Р. Македонија, Амбасадорот на Р. Словенија во Р. Македонија, г.Алан Брајан Бергант и економскиот советник при Амбасадата на Р. Словенија во Р. Македонија, г.Слободан Шешум

Општина Битола

Стопанска комора на Македонија

Регионална комора Битола

Општина Струмица

Членовите на Клубот:

Горење Скопје, АД Вардар осигурување - Групација Триглав, Фруктал Мак, Тримо Македонија, Брокерска куќа Нови Триглав, НЛБ Нов пензиски фонд, Илирика Фонд Менаџмент, Скопски саем-Ера Групација, Сава Табак осигурување, Сава Инвестиции, Универзитетот од Љубљана, Крка Фарма Скопје, Подгорка Струга, ВИП Урбан Инженеринг, КБ Прво пензиско друштво, Он нет - Телеком Словенија Групација, Космофон -Телеком Словенија Групација, Актон комуникаци, Алекспром, Винар - винарска визба, Метеорит Битола, Лашко комерц Вевчани , Весна САП Пробиштип, Кореа Аутотрејд и Г & ММ

Фирмите од Струмица:

Алмак, Маби Трејд, Грозд, Жито, Агро-комерц 92, Мебел Ников и Тргопродукт.

На прославата беше посочено дека овој проект е успешен и позитивно оценет и во двете држави што може да се види и по зголемувањето на бројот на членството во клубот. Од почетокот на Бизнис деновите, за само два месеца, Клубот добил 11 нови членови.

Поради големата заинтересираност за ваквиот начин на промоција на стопанствата на Р. Словенија и Р. Македонија, Клубот најави дека ќе продолжи со овој проект и во следната година, во останатите градови низ Македонија.

Настанот беше поддржан од двата партнера на клубот, ЈАПТИ - Јавната агенција на Р. Словенија за претпримништво и странски инвестиции и Министерството за стопанство на Р. Словенија.