Словенечко-македонски Бизнис ден во Струмица - 28.10.2009

Словенечко-македонски Бизнис ден во Струмица - 28.10.2009

По повод промоција на Клубот и претставување на неговите членови, на 28 октомври, Словенечко-македонскиот бизнис клуб, уште еднаш организира свој Бизнис ден. Овој пат, тоа се случувaше во Струмица, во соработка со Амбасадата на Р. Словенија во Р. Македонија и Општина Струмица.

Целта на овој настан беше да се продолжи со промоцијата на словенечкото и македонското стопанство низ Македонија, и пред граѓаните на Струмица, како и да се промовираат уште еднаш активностите и платформата на делување на Клубот, сега и пред струмичките стопанственици.

Бизнис денот започна во трговскиот центар Глобал, каде на изложбени штандови со своите производи и услуги, се претставија 22 фирми - членки на Клубот и тоа: Фруктал Мак, Горење Скопје, Сава Инвест, Сава Табак осигурување, Подгорка Струга, НЛБ Нов пензиски фонд, Актон комуникаци, Алекспром, Винар, Космофон - Телеком Словенија Групација, Он нет - Телеком Словенија Групација, Крка Фарма Скопје, АД Вардар осигурување - Групација Триглав, Брокерска куќа Нови Триглав, Илирика Фонд Менаџмент, КБ Прво пензиско друштво, Метеорит Битола, Лашко комерц Вевчани, Весна САП Пробиштип, Даталаб, Кореа Аутотрејд и Г & ММ. На промоцијата се приклучија и 8 фирми од самата општина, од кои дел веќе работат и соработуваат со Словенија и тамошните компании.

Посетителите во трговскиот центар Глобал имаа можност да пробаат вкусни прехранбени производи, вино, сокови и свежо припремено кафе, како и да се запознаат со најновите понуди во областа на телефонијата, инвестициските и пензиските фондови, осигурителните компании, градежната и фармацевтската индустрија.

Свечено отварање на овој дел од Бизнис денот направија Амбасадорот на Р Словенија, НЕ г. Брајан Бергант и градоначалникот на Општина Струмица г. Зоран Заев.

Промоцијата продолжи вечерта во хотел Сириус, пред околу 150 присутни гости, меѓу кои беа и Заменик министер за локална самоуправа, г. Фарук Фератоски, Директорот на Агенцијата за инвестиции и развој на Р Македонија при Владата на РМ, г. Џељал Рамадани, еконосмкиот советник од Амбасадата на Р. Словенија г. Слободан Шешум, Градоначалникот на Општина Струмица, г. Зоран Заев и стопанствениците од Струмица. Присутните најпрво ги поздрави Претседателот на Клубот, г.Дамир Кудер, а по него со поздравни говори се обратија и званичните гости.

Промоцијата на клубот, неговите цели, активности и полиња на делување, и овој пат ја направи Извршниот директор, Искра Јовановиќ. Таа изрази задоволство за големиот одзив на гостите, како и тоа дека тие се прв ваков Клуб во земјата што на овој начин се претставуваат пред бизнис заедницата. Клубот брои веќе 95 члена, и оваа година ќе прославуваат јубилеј - 5 години од своето постоење. По овој настан во Струмица, очекуваат бројот на членови да се зголеми, како и тоа дека ќе продолжат и во иднина со ваквиот начин на промоција на словенечкото и македонското стопанство и во други градови низ државата.

Настанот беше поддржан од двата словенечки партнера на Клубот: ЈАПТИ - Јавната агенција на Р. Словенија за претприемништво и странски инвестиции и Министерството за стопанство на Р. Словенија.

Фотографиии:

 Говорот на амбасадорот Бергант.

 Говори на останатите кои се обратија.