Словенечко-македонски Бизнис Клуб на ТЕХНОМА - 13-17.10.2009

Словенечко-македонски Бизнис Клуб на ТЕХНОМА - 13-17.10.2009

Од 13-17 октомври, Клубот беше учесник на ТЕХНОМА, Меѓународниот саем во Скопје.

Во рамки на саемот се одржа Словенечко-македонски бизнис форум.Клубот беше еден од организаторите. На форумот, претставникот на Клубот, извршниот директор Искра Јовановиќ, имаше билатерални средби со словенечктеи фирми-учесници на саемот, на кои имаше можност да ја промовира работата и активностите на Клубот.

На средбите компаниите покажаа интерес за соработка и партнерство со фирми од Македонија,од типот на извоз, па и на отварање претставништва во Македонија. Доста интересна проблематика беше сончевата енергија и сончевите системи, пред се што доста фирми од Словенија се бават со тој начин на искористување на обновливи извори на енергија. А Македонија, која е подрачје со голем број на сончеви денови, е посебно привлечна за такви инвестиции.

Словенечките фирми веќе се поставени на веб страната на Клубот со линкови и напомена за нивните барања за билатерална соработка.