Networking настан за воспоставување на нови деловни контакти помеѓу компании од Словенија и Македонија - 11-13.05.2009

Networking настан за воспоставување на нови деловни контакти помеѓу компании од Словенија и Македонија - 11-13.05.2009

На 11 мај 2009 г. во Скопје во работна посета пристигна бизнис делегација од Р. Словенија. На нетворкинг настанот што го организираше Словенечко-макеоднскиот бизнис клуб во соработка со ЦЕЕД Македонија, учество земаа преку 30 македонски менаџери. Словенечките компании беа од областа на финасиите, дрвната, прехранбената и инофрматичката дејност.

Целта на посетата беше запознавање со условите и можностите за започнување на бизнис во Македонија, средба со потенцијални партнери и размена на искуства со словенечки компании кои веке ја утврдиле својата позиција во Македонија.

Извршниот директор на Клубот, Искра Јовановиќ, напомена дека ова е веќе трет пат оваа година да се срекаваат словенечките и македонските претприемачи. Во услови кога глобалната економска криза е сеуште актуелна, ваквите настани влеваат надеж дека добрата билатерална соработка помегу двете држави ке продолжи и во иднина.

Бизнис клубот веќе има позитивно искуство од ваквата соработка од минатата година, кога беше остварено партнерство со ЈАПТИ и Министерството за економија на Р. Словенија и се надеваат дека истото ќе продолжи и оваа година.

Пред присутните со видео презентации свое претставување имаа организаторите, а комерцијално се претстави и членка на Клубот, Скопски саем, Ера групација - каде и се одржа настанот.

На 13 мај гостите имаа уште една работна средба, со неколку одбрани членки од Клубот и тоа со претставници и директори на НЛБ Тутунска Банка, Фруктал Мак,Студиот маркетинг ЈВТ и Лек.

Словенечките стопанственици ги интересираа пред се разликите во работењето меѓу Словенија и Македонија, каде се потенцијалните прилики наспроти стапиците и како е најдобро да се настапи на македонскиот пазар. Исто така, ги интересираа и специфичностите на работењето во Македонија и кои се најчестите грешки кои ги прават словенечките претпријатија во Македонија.

На крајот, претставниците на стопанската делегација се сретнаа со економскиот советник при словенечката Амбасада во Македонија, г. Слободан Шешум, кој стопанствениците ги запозна со состојбата во Македонија и Албанија. Ја претстави пред се политичката и макроекономската состојба, како и некои искуства на веке присутните словенечки претпријатија во Македонија.

Галерија