Вонредно Собрание - 08.04.2009

Вонредно Собрание - 08.04.2009

СМБК во рамки на своето Вонредно собрание одржано на 08.04.2009 год.,имаше работна средба на која свое излагање имаа следните гости на Клубот:
- г-ин Крум Ефремов, Директор на директоратот за економска дипломатија при Мин. за надоврешни работи
и
- г-ѓа Биљана Велевска, Магистер по европски менаџмент со практично искуство во управување со човечки ресурси, кадровски менаџмент и кадровски консалтинг.

Темата на која се работеше беше:

Креирање на трговска политика во услови на глобална економска криза:
Конкурентност на компаниите и компетентност на менаџерските тимови


Г-от Ефремов, меѓу другото, посочи дека кандидатскиот статус на Македонија за членство во ЕУ, е во голема мера поврзан со можноста да се прилагоди трговската политика и да се постигне нејзино усогласување со спецификите на моменталните услови на пазарната економија.

Иако светската економска криза ги погоди најмногу поразвиените земји, во Македонија мора да се внимава многу бидејки штетите доаѓаат индиректно.

"Загриженоста и стравот се реални" рече Г-от Ефремов. Тој ги пренеси и последните информации од Виена од состанокот на Г-20, на чија средба и присуствувал непосредно пред овој настан.

Тамошните заклучоци биле мошне јасни: Нема еднсоставна дијагноза на проблемот и нема едноставно решение. Сите национални економии се обидуваат на свој начин и со свои мерки и активности да ги намалат последиците и да ги заштитат своите сопствени индустрии.Еден од предлозите, бил пак сосема и спротивен:да преовлада зедничко решение, а не индивидуалните.

"Во споредба со нас, Словенија е попогодена од кризата", напомена Ефремов. Таа има извоз од околу 80 % на своето призводство. Македонија нема толку голем извоз, но сепак исто е најпогоден тој дел, посебно во областа на металопреработувачката, текстилната и индустриите поврзани со берзата.

Во однос на Владата и нејзините активности, излагачот рече дека таа превзема директни мерки но и индиректно е во координација со бизнис заедницата и заедно се следи целокупната ситуациија. Предвидувањата за излез од економската криза би требало да се оптимистички и една од мерките за тоа е да се стабилизира монетарниот систем.

"Во вакви услови конкурентноста на компаниите е многу важна. Бизнисите треба да можат да се прилагодуваат кон изменетите услови на пазарот, а бизнисмените мора да се однапред спремни за ваква ситуација", рече на крајот на своето излагање Г-от Ефремов.За компетентноста на менаџерските тимови во креирањето на трговска политика во услови на глобална економска криза, своја видео презентација имаше Г-ѓа Велевска.

Таа се надоврза на завршната реченица на претходниот излагач, дека компаниите мора веќе да имаат спремен план "Б" за непредвидливи сиутации.

Тоа би значело дека правилното планирање на потребите од кадар и квалитетниот избор на кадар, би довеле до формирање на тимови кои ќе можат да се борат со новонастанатите пазарни услови.

Она што ќе ја оправда компетентноста на тимот е правилната комуникација - отвореноста сите во тимот да смеат, можат и треба да кажат ако имаат некоја идеја или предлог.Вака мотивирани, вработените би имале храброст самите да бараат решенија,а не да чекаат само претпоставениот да го прави тоа.

Добро обучен кадар точно знае зошто, каде и што е проблемот и слободата секој да го изнесе своето мислење, може да иницира надминување на проблем ситуацијата со решение до кое се дошло преку иновација-или работење на друг начин од претходно запазениот.

"Сега е моментот каде на неблагодарен начин ќе се направи еден пресек во однос на тоа кои менаџерски тимови се навистина компетентни да се справат со последиците од глобалната економска криза и да успеат да се одржат во такви променети услови на пазарна економија", рече на крајот на своето излагање Г-ѓа Велевска.

На оваа средба беа присутни 30 членови од Клубот.

Галерија