Средба на словенечките и македонските бизнисмени со претседателите Тирк и Иванов, 16.02.2011

Средба на словенечките и македонските бизнисмени со претседателите Тирк и Иванов, 16.02.2011

За време на официјалната посета на претседателот на Република Македонија д-р. Ѓорге Иванова во Словенија, Стопанската комора на Словенија, Јавната агенција за странски инвестиции-ЈАПТИ, Министерство за надворешни работи и Занаетчиската комора на Словенија, организираа конференција на словенечки и македонски бизнисмени. На настанот присуствуваа над 100 стопанственици од двете земји, а македонската бизнис делегација ја предводеше извршниот директор на Словенечко-македонскиот бизнис клуб, г-ѓа Искра Јовановиќ. Во оваа прилика, претседателот на РМ, д-р Ѓорге Иванов , се потпиша и во книгата на почесни гости на Стопанската комора.

Маг. Само Хрибар Милиќ, генералниот директор на Стопанска комора, оваа словенечко - македонска бизнис-конференција ја нарече и средба на словенечко - македонски пријателства. Во претходните години, помеѓу двете држави ,,беа исткаени така силни врски, кои не можеа да ги искинат турбулентните настани.Уште повеќе, она што веќе сме го изградиле, дава оптимизам и посветеност економската соработка меѓу двете земји драстично да се зголеми. Имаме голем број на добри, квалитетни искуств за да се постигне тоа. "-рече во своето обраќање г. Милиќ. Според него постои голем потенцијал за заеднички активности во трети пазари. Притоа, Словенија, која е членка на ЕУ, како партнер, може да го помогне и поттикне влезот на македонската економија во оваа област. Истовремено и македонската економија со своите силни контакти може да придонесе словенечката економија да се вклучува побрзо на пазарите во странство,. "Убеден сум дека кризата што ја почуствувавме во Словенија и која уште ја чуствуваме, не предизвика само грижи, туку отвори и нови можности", рече тој, додавајќи дека "во словенечката економија се проценува дека најсигурен извор на излезот од криза е интернационализација и глобализација на економијата - освојување на нови пазари и барањето на нови партнерства во светот".

На бизнисмените им се обратија и претседателите на државите, д-р. Данило Тирк и д-р Ѓорге Иванов. Претседателот на Република Словенија д-р Данило Тирк изјави дека "економската соработка е природна материја, природен израз на една подлабоко културно разбирање и внимание." Ја изрази својата желба за пресврт во трговијата, за повторен раст , што ќе биде најдобро избалансиран. Некои приоритети во економската соработка, според неговите зборови се наметнуваат сами по себе. Во прилог на зајакнување на трговијата може да се интензивира соработката со учеството на инвестициите во телекомуникациите, енергетиката и туризмот. Исто така постојат и некои други области кои заслужуваат внимание. Така, тој ја спомна и културна соработка и грижата во областа на политичките односи ", каде што имаме исклучително моќна конвергенција на интереси и многу добро меѓусебно разбирање. Верувам дека сето ова помога да се воспостават така долгорочни односи, таквата соработка, што ќе го обезбеди таквото нивото на успешност, кое ни е потребно."

И претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ја истакна добрата соработка меѓу Словенија и Македонија во сите сфери на општествениот живот, како и тоа дека се уште не се потрошени сите потенцијали. Словенија е инаку еден од најзначајните странски трговски партнери на Македонија и важи за една од најголемите инвеститори во македонската економија. За двете земји е најважно интензивирање на економската соработка. Тој рече се надева дека "со вашето ангажирање ќе се намали трговскиот дефицит , а јас се надевам дека бројот на фирми кои дејствуваат заедно, ќе се зголеми, со своите настапи на трети пазари, заеднички вложувања, повисоко ниво на соработка и други проекти кои се во заеднички интерес." Претседателот на Република Македонија по повод на оваа конференција се запиша и во книгата на почесни гости на Стопанската комора.

Министерката за стопанство, маг. Дарја Радиќ, изрази задоволство што во фокусот на оваа посета е економијата и зајакнувањето на економската соработка меѓу двете земји. Според нејзините зборови, на двете земји примарна им е деловна соработка. Таа гледа потенцијал во енергетиката, туризмот и геотермална енергија, се разбира, и во сите други индустрии, каде што се укажуваат можности кои се нудат. Таа рече дека на Министерството за стопанство еден од клучните приоритети му е унапредување на интернационализација на словенечкото стопанство и поттикнување на странските директни инвестиции, за кои се подготвени голем број на инструменти и мерки. Оваа година за прв пат е подготвен и акционен план со кој сакаат да им помогнат на словенечките компании на настап на странските пазари. Во однос на директните инвестиции, таа изрази интерес за зголемување на македонските инвестиции во словенечката економија.

Заменик на претседателот на РМ, задолжен за економски прашања, маг. Владимир Пешевски, ги престави проектите во инфраструктурата, енергијата и електро-енергетската област, каде постојат значителни прилики за словенечките компании. Тој исто така ја спомна и градежната индустрија, бидејќи веќе се поедноставени и намалени административните процедури, така што, по одобрение во парламентот дозвола за градба "може да се добие само во неколку чекори во процесот, и не за повеќе од 30 дена.", Вицепремиерот ја истакна проактивна владина фискална и монетарна политика со активни анти-кризни мерки, низок буџетски дефицит и мал пад на БДП во текот на кризата. Во 2011, тој наведе дека предвидуваат околу 3% стапка на економски раст.

Во продложението на бизнис конференцијата, маг. Дамир Кудер претседател на Управниот одбор на Словенечко-македонскиот бизнис клуб од Скопје, ги презентираше активностите и услугите на овој клуб, потенцирајќи дека после 6 години работа и одржување на блиските бизнис контакти со словенечките компании, денес клубoт брои преку 120 активни членови кои продолжуваат да ја продлабочуваат веќе добрата билатерална соработка, а се со голема поддрша во последните три години од страна на ЈАПТИ и словенечкото Министерство за стопанство. Г-от Марјан Шифтар пак, претседателот на Управниот одбор на Словенечко-македонскиот пословен клуб, ги претстави работењето и активностите на овој бизнис клуб од Љубљана , кој е со блиски цели како и клубот од Македонија.

Во вториот дел од Бизнис конференцијата се одржаа билатерални средби помеѓу словенечките и македонските компании.Како што изјавија дел од нив, учеството на овој настан го препознаа како добра прилика за проширување на своите бизниси на словенечкиот, а преку неги и на европските пазари, но и како можност да најдат нови партнери и соработници со кои би работеле и во Македонија.Дел од делегацијата беа и извршниот директорот на Автокластерот г-ин Владимир Тевдов, потоа директорот на Македонската агенција за странски инвестиции, г-ин Виктор Мизо, но и новиот економски промотор на Р Македонија за Словенија и Хрватска, г-ца Катерина Димовска која веќе од почетокот на следниот месец ќе биде на своето ново работно место во Загреб.

16 од компаниите кои се претставија и учествуваа на овој бизнис форум се членови на Словенечко-македонскиот бизнис клуб, а останатите се членови на Автокластерот и Стопанските комори на Македонија.Компаниите беа од област на прехраната, градежништвото, ИКТ, енергијата, услугите, автомобилска индустрија, графичка индустрија, логистика и транспорт, финансискиот сектор и трговијата.

Настанот и учеството на Бизнис клубот од Скопје беше поддржан од страна на неговите партнери, ЈАПТИ и Министстерството за стопанство на Р Словенија.

Слики од настанот: