Словенечко-македонски бизнис форум во Скопје - 17.02.2009

Словенечко-македонски бизнис форум во Скопје - 17.02.2009

На Словенечко-македонскиот бизнис форум, кој беше одржан во Скопје на 17.02.2009 година, стопанствениците од Словенија и Македонија ги разгледуваа можностите за почеток на заедничка соработка.

Организатори на бизнис форумот беа двете Стопанските комори на Македонија и Словенечко-македонскиот бизнис клуб.

Како што беше најавено, од словенечката страна учествуваа лидерите на најголемите и најуспешните словенечки компании, кои пристигнаа во Скопје заедно со претседателот на Словенија Данило Тирк. Работната средба предизвика огромен интерес на бизнис заедницата на двете држави.

Пред почетокот на бизнис форумот, стопанствениците од двете држави имаа бројни билатерални средби. Присутни беа преку 100 македонски фирми, од нив 35 членки на СМБ Клубот.

- Хроничниот трговски дефицит не би смеел да се решава со административни бариери за

словенечкиот извоз, туку преку подигање на конкурентноста и јакнењето на извозните

потенцијали на Македонија, - истакна претседателот на Р. Македонија, г. Бранко Црвенковски.

-Ги повикувам словенечките бизнисмени да дојдат во земјава, да се запознаат со можностите за инвестирање и да го вложат својот капитал, не поради големата меѓусебна доверба, туку затоа што можат да го развијат својот бизнис и да остварат профит.

И словенечкиот претседател, г. Данило Тирк се согласи дека двете земји подобро ќе се справат со светската економска криза доколку соработуваат:

- За таа соработка сме способни, а имаме уште една заедничка вредност бидејќи станува
збор за доверба. Македонија со своите реформи добива позитивни оценки во
меѓународниот бизнис-свет и затоа сакаме нашата соработка да се интензивира, нашите
инвестиции во Македонија да бидат повисоки и да дадат што подобри резултати за развој
на двете економии, - посебно порача г. Данило Турк.

Словенечкиот бизнис го зазема високото деветто место меѓу најголемите странски инвеститори во Македонија. Што е уште позначајно, овие инвестиции се успешни и меѓу нив нема проблематични вложувања.

Дамир Кудер, претседател на Словенечко-македонски бизнис-клуб потсети дека словенечкиот капитал вработи во Македонија повеќе од 2500 луѓе. Според него, досега се инвестирани околу 300 милиони евра словенечки капитал, а приближно толку се пласирани во реалниот сектор преку банкарскиот систем.

- Свесни сме дека овие тешките времиња на кризно управување и намалени побарувања не се наклонети кон нови вложувања и ширење на бизнисот, но сеедно, може да е добро да се размисли за предностите на стопанската средина со ниски даночни давачки и ниски трошоци на работната рака.

Во Македонија не има многу словенечки прептпријатија и искуството на овој пазар на поголем дел од нас се позитивни. Владата на РМ е цврсто одлучна дека сака странски инвестиции и со тоа на странските инвеститори да им понуди големи погодности.

Од досегашните искуства и информации кои ги поседуваат тукашните словенечки претпријатија и институции, лесно можам да ве охрабрам и да во името на Словенечко-македонскиот бизнис клуб ви посакам топло Добредојдовте - рече на крајот г. Кудер

Галерија