Мото

Качувањето нагоре е полесно во друштво.

Мисија

Со зајакнување на меѓусебната комуникција, како во Клубот така и помеѓу двете држави, да допринесеме за што поголем раст и напредок-личен, колективен и меѓународен.

Визија

Да станеме центар на квалитетни бизнис информации кои ќе бидат почетна точка при градењето на трајни партнерства.

За СМБК


Словенечко-македонски бизнис клуб е непрофитна интересна заедница на претпријатија и поединци, формирана со цел за развивање на стопанската соработка помеѓу Р Словенија и Р Македонија и поврзување на заедничките интереси на нејзините членови.

Бизнис клубот беше основан во декември 2004 година и денес нејзините членови претставуваат јадро на таа стопанската соработка помеѓу двете држави.